• сабота, 23 ноември 2024

Ракитиќ: Никогаш не сум бил пријател со Меси и Суарез

Ракитиќ: Никогаш не сум бил пријател со Меси и Суарез
Севиља, 21 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска Иван Ракитиќ, кој летово се врати во Севиља по неколку сезони минати во Барселона, призна дека никогаш не бил особено близок со каталонската суперѕвезда Лионел Меси, како и со неговиот најдобар пријател и соиграч Луис Суарез. - Никогаш не сум имал пријателски односи со Меси и Суарез. Мислам дека е доста тешко да се биде пријател во тим со 23-24 играчи. Но, тие беа мои соиграчи 6 години и се многу важни играчи. Отсекогаш добро се согласував со нив и јас многу ги почитувам. Мои блиски пријатели во тимот беа Андрес Иниеста, Тер Штеген, Боатенг и Фирпо, рече Хрватот, цитиран од „Ел Десмарке“. Минатата сезона, Ракитиќ одигра 42 натпревари со „црвено-синиот“ дрес, постигна 1 гол и даде 5 асистенции. 32-годишниот играч за врска се пресели во Севиља за 1,5 милиони евра, но со бонуси износот може да се зголеми на 9 милиони.

Тагови

Остани поврзан