• вторник, 24 декември 2024

Ракетен напад врз американската Амбасада во Багдад (видео)

Ракетен напад врз американската Амбасада во Багдад (видео)
Багдад, 20 декември 2020 (МИА) - Три ракети вечерва биле истрелани кон американската Амбасада во заштитената, резиденцијална, Зелена зона на ирачката престолнина Багдад, соопштија ирачките власти. Засега не е познато дали во ракетниот напад има повредени, но потврдено е дека е предизвикана материјална штета и дека се уништени неколку возила на паркингот на амбасадата, јавија американските медиуми, пренесувајќи изјава на службеник кој побарал анонимност. Американската амбасада одговори со активирање на дефанзивниот антиракетен систем C-RAM, поставен летово како одговор за одбивање на се почестите ракетни напади врз американската дипломатска мисија во ирачката престолнина

Вашингтон во септември предупреди дека ќе ја затвори својата амбасада во Багдад доколку ирачката Влада не преземе порешителни чекори во спречување на ракетните и други напади од страна на проиранските сили врз американските цели и интереси во земјата. сд/

Остани поврзан