• вторник, 24 декември 2024

Ракетен напад во Одеса, повредени три лица

Ракетен напад во Одеса, повредени три лица

Одеса, 29 март 2024 (МИА) - Одеса денеска повторно беше подложена на ракетен напад. Од Црното Море беа истрелани два проектила, кои беа соборени од украинските сили за воздушна одбрана, објави во апликацијата Телеграм претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.

Според неговите информации, остатоци од соборувањето на ракетите паднале во некои области на градот.

Три лица се повредени и хоспитализирани. Двајца од повредените се деца на возраст од 15 и 10 години, изјави регионалниот гувернер. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан