• сабота, 23 ноември 2024

Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодромот во Јапонија

Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодромот во Јапонија

Токио, 13 март 2024 (МИА) - Сателитската ракета на „Space One“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија.

На ракетата Каирос, долга 18 метри, дошло до грешка за време на лансирањето од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, префектурата Вакајам, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија. Недолго потоа беше објавено дека се спроведени „мерки за прекин на летот“, пренесува Кјодо.

На местото на настанот се испратени локални пожарникари, а полицијата соопшти дека засега нема извештаи за жртви.

Проектилот експлодирал во воздух околу пет секунди по полетувањето, бидејќи фрагменти за кои се верува дека се од проектилот биле пронајдени расфрлани низ областа, а местото на настанот било покриено со бел чад.

Според прелиминарните извештаи, во експлозијата бил уништен владиниот сателит кој се наоѓал на ракетата.

Компанијата Space One, основана во 2018 година, се обидува да ги комерцијализира вселенските услуги со намалување на трошоците и нудење на лансирање ракети со висока фреквенција. Целта на компанијата е да испраќа 30 ракети годишно во вселената до 2030-тите. Лансирањето на првата ракета, првично закажано за најдоцна до крајот на март 2022 година, беше одложено четири пати поради пандемијата и логистички дефекти. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан