• сабота, 23 ноември 2024

Ракетата „Фалкон хеви“ речиси подготвена за лансирање

Ракетата „Фалкон хеви“ речиси подготвена за лансирање

Мајами, 26 октомври 2022 (МИА) - Ракетата „Фалкон хеви“, развиена од компанијата „Спејс-Икс“, е најмоќната ракета во светот, а сега се очекува нејзиното прво лансирање по одложување од над три години.

Огромната ракета се состои од три модифицирани засилувачи („бустери“) од првата фаза, а во мигов се случува крајното склопување, по што треба да биде поставена на лансирната рампа „Пад 39-А“ во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА. По тој повод, „Спејс-Икс“ објави фотографија на која се прикажани сите 27 ракетни мотори Мерлин.

Втората фаза е поврзана со централниот засилувач што го доставува товарот до орбитата. Само два бустери ќе се вратат на Земјата и ќе слетаат, додека централните ќе паднат во море. Вкупно 27 ракетни мотори „Мерлин“ генерираат повеќе од 2,2 милиона килограми потисок при лансирањето, што ја прави „Фалкон хеви“ најмоќната оперативна ракета. Вселенската компанија работи и на ракетата „Старшип“, што ќе патува до Марс и ќе може повторно да се користи. Сепак, „Фалкон хеви“ е најмоќната оперативна ракета во светот, која може да достигне до 64 тони носивост во Земјината Орбита. Иако сѐ уште нема официјален датум, лансирањето може да се случи и до крајот на месецов, или пак, на почетокот на ноември.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан