• сабота, 23 ноември 2024

Раиконен ќе го пропушти ГН на Холандија поради позитивен тест на коронавирус

Раиконен ќе го пропушти ГН на Холандија поради позитивен тест на коронавирус
Зандворт, 4 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е позитивен на коронавирус, објави прес -службата на Формула 1. Така, 41-годишниот Финец нема да може да учествува на Големата награда на Холандија. Алфа Ромео објави дека резервниот пилот, 36-годишниот Роберт Кубица ќе го замени Раиконен. Главната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Холандија ќе се вози утре од 15 часот. зс/

Остани поврзан