• среда, 25 декември 2024

Раиконен: Преговорите за нов договор со Алфа Ромео завршија брзо

Раиконен: Преговорите за нов договор со Алфа Ромео завршија брзо
Хинвил, 31 октомври 2020 (МИА) - Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е задоволен од начинот на кој беа завршени преговорите за продолжување на договорот со тимот за сезоната 2021 година. - Го потпишавме договорот во четвртокот. Постојано ме прашуваа за иднината, но не сакав да лажам додека не потпишам ништо. Сè помина без проблеми, имаше само многу аспекти кои се однесуваат на работата на тимот и мојот тим. Преговорите не траеја долго, ги завршивме скоро веднаш откако започнавме. Сега никој во Алфа Ромео не е задоволен од позицијата на тимот, но таква е ситуацијата. Нашата цел е да станеме подобри. Треба само да работиме подобро следната година, се надевам дека ќе бидеме позадоволни од резултатите во сезоната 2021 година, изјави Раиконен. Покрај Финецот, договорот со Алфа Ромео го обнови и Антонио Џовинаци. зс/

Остани поврзан