• сабота, 23 ноември 2024

Разрешени делегати од здруженија на глуви и наглуви лица бараат состанок со Мизрахи и Сојузот

Разрешени делегати од здруженија на глуви и наглуви лица бараат состанок со Мизрахи и Сојузот
Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – Дел од делегатите на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица реагираат поради нивно разрешување од страна на претседателот Томица Стојановски. Тие бараат од министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи да организира состанок меѓу нив и претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица за да ги разрешат недоразбирањата. -Претседателот Томица Стојановски донесува одлука да ги разреши делегатите од Општинските здруженија, кои не присуствувале на Собранието. Сојузот не може да ги разреши делегатите од здруженијата оти секое здружение си функционира по свој Статут. Секое здружение си испраќа делегат за временски период од четири години. Здружението е тоа кое одлучува дали некој делегат си ја работи работата или не, а не Сојузот, вели Димитар Башески, секретар на Здружението на глуви и наглуви од Прилеп. Во образложението на одлуката за разрешување, претседателот на Националниот сојуз навел дека тие не биле трипати на Собрание, што тие го негираат и велат дека тоа не е точно. Меѓу оние кои добиле одлука од Сојузот за нивно разрешување се Ибраим Таировски од Дебар, Васко Марков од Куманово, Оливер Пејчиќ од Гевгелија, Садик Велиов од Штип и други. Проблемите меѓу Општинските здруженија и Националниот сојуз настанале со назначувањето на Томица Стојановски за претседател на сојузот, кој е на таа позиција од пред две години. -Ние не знаеме како е избран Стојановски за претседател и кој го назначил. Неговата ќерка е генерален секретар на сојузот, што е непотизам, вели Башевски. Здрженијата ги финансира Министерството за труд и социјална политика. ир/са/

Остани поврзан