• четврток, 12 март 2026

Разочараниот Гвардиола прекина наем на свој играч

Разочараниот Гвардиола прекина наем на свој играч
Манчестер, 3 јануари 2019 (МИА) - Напаѓачот Лукас Нмеча, кој до моментов беше под наем во Волфсбург, ќе игра на изнајмување во Мидлзборо, одлучи шампионот Манчестер Сити, кој ги има правата врз напаѓачот. 21-годишниот фудбалер ќе го продолжи својот развој во клубот Североисточна Англија, откако одигра само 11 натпревари со екипата на „волците“ во Германија. Тоа не му се допаднало на менаџерот Пеп Гвардиола и тој прекрати наемот во тимот на Бундес-лигата. - Секој во Сити му посакува среќа на Лукас за неговото враќање во англискиот фудбал. Во Германија, ситуацијата не беше таква како што сметавме дека ќе биде. Ние му посакуваме се најдобро во неговиот развој, изјавија од Манчестер Сити. Лукас Нмеча беше јуниорски и младински репрезентативец на Англија, а сега игра за тимот на Германија под 21 година.

Остани поврзан