• сабота, 23 ноември 2024

Разговор на Борел и Блинкен за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД

Разговор на Борел и Блинкен за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД
Брисел, 29 јануари 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел вчера разговараше со новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД, соопшти Европската дипломатска служба. Како што се наведува во соопштението, двајцата високи претставници разговарале за важноста од обновување на стратешкото партнерство ЕУ-САД со цел заедничко решавање на итните глобални предизвици. Се додава дека Борел и Блинкен се согласиле да работат заедно за зајакнување на мултилатерализмот и глобалниот систем заснован на правила и заклучиле дека овој напор е олеснет со враќањето на САД во Парискиот договор и Светската здравствена организација. Борел го покани Блинкен да присуствува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ што е можно поскоро, се додава во соопштението. паг/  

Остани поврзан