• понеделник, 23 декември 2024

Радев одби Стојанов да биде нов бугарски министер за внатрешни работи

Радев одби Стојанов да биде нов бугарски министер за внатрешни работи

Софија, 19 август 2024 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Горица Гранчарова денеска му го претстави составот на својот технички кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изрази голема резерва во врска со назначувањето на Калин Стојанов за министер за внатрешни работи и даде рок до Гранчарова да предложи друг кандидат.

Радев изјавил дека би било невозможно да се обезбеди политичка стабилност и да се спроведат фер избори, доколку Стојанов остане на таа позиција, јавија бугарските медиуми.

Бугарскиот претседател се закани дека нема да го потпише указот за формирање нова влада, доколку тоа не се реши, а Гранчарова посочи дека нема да направи промена, поради што Радев одби да го потпише указот за формирање влада.

Парламентарните избори во Бугарија се закажани за 20 октомври, а владата на сега веќе поранешниот привремен премиер Димитар Главчев ќе ги извршува своите должности до именување на новата привремена влада.

Парламентарните избори во Бугарија се одржаа во јуни, но ниту една партија не успеа да формира парламентарно мнозинство. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан