• четврток, 26 декември 2024

Радев: „Демократска Бугарија“ ја турка земјата во војна

Радев: „Демократска Бугарија“ ја турка земјата во војна
Софија, 7 октомври 2022 (МИА) - Неверојатно е што на маргините на енергетската и економската криза, „Демократска Бугарија“ брза да ја турне земјата во војна уште пред да биде свикана првата седница на новоизбраното Народно собрание, изјави претседателот Румен Радев во Прага. Според него, тешко е да се поверува дека раководството на коалицијата „Демократска Бугарија“, која претендира за демократија и морал во политиката, може да користи директни лаги и манипулации. Румен Радев рече дека со целосно убедување не ја потпишал декларацијата на неговите колеги претседатели од Централна и Југоисточна Европа за пристапување на Украина во НАТО и додаде дека ќе работи против вмешаноста на Бугарија во војната во Украина. нк/паг/  

Остани поврзан