• петок, 20 декември 2024

Радев: Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата

Радев: Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата
Софија, 23 јули 2020 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев вечерва им се придружи на демонстрантите, на 15-от ден од антивладините протести во Софија и другите градови низ земјата , соопшти БГНЕС. -На 15-от ден од протестите благодарение на вас плоштадите се полни со надеж и непомирливост. Илјадници луѓе протестираат на улиците на сите поголеми градови во Бугарија и Европа. Транспарентите ви кажуваат многу вистини за кои медиумите молчеа, за кои властите остануваат глуви и одбиваат да ги слушнат. Протестите ги убедија сите Бугари дека не се сами и дека заедничката желба за слобода, закон и правда ги обединува сите генерации. Бугарија излезе од хипнозата на пропагандата и светот ја погледна Бугарија. Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата. Плоштадот роди братство на чесни луѓе кои нема да бидат робови на лаги и закани и ќе отфрлат каква било несреќа и кои веруваат дека слободна Бугарија на достојни граѓани е нашата иднина, рече бугарскиот претседател пред насобраните. Од протестот се бара оставка од целата влада и главниот обвинител. Владата повторно е глува и не ги слуша гласовите на луѓето и зборува за некои шминкања во кабинетот. Тие се надеваат дека летните одмори и заморот ќе ве поколебаат, но ако имаат храброст да се симнат меѓу вас и да ве погледнат во очи, ќе видат дека нема да го дозволите ова, додаде Радев. Според него, протестите се почеток на крајот на злобниот модел што Бугарија ја закотви на дното на Европа. -Ни треба нов парламент затоа што сегашното мнозинство е глуво на барањата на народот. Треба да го отвориме патот за уставни реформи и промени што ги зајакнуваат граѓанските права, спроведуваат судски реформи, ја нарушуваат корупцијата, обезбедуваат услови за работа и приход и што ги враќаат нашите браќа од странство. И многу е важно - да се гарантира европскиот развој на Бугарија, и да не се користат овие фрази како убава фасада, зад која се вртат грабежи и бес. Задачата е историска, бара единство! Го видов зборот „заедно“ на многу транспаренти, но тој е клучот за успехот. Влогот е Бугарија, а сите вие ​​денеска ја пишувате историјата на Бугарија, пренесе Радев. сд/

Остани поврзан