Раб: Кина ќе мора да одговори на тешки прашања за епидемијата
- Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека Кина ќе мора да одговори на тешки прашања за тоа како се случила епидемијата со новиот коронавирус и дали истата можела да бид

Лондон, 16 април 2020 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека Кина ќе мора да одговори на тешки прашања за тоа како се случила епидемијата со новиот коронавирус и дали истата можела да биде спречена.
- Светот мора да дознае што се случи во Кина во првите денови на пандемијата, посочи Раб.
Тој додаде дека пандемијата ја покажала вредноста на меѓународната соработка. ми/