• среда, 25 декември 2024

Раб: СБ на ОН да одговори на дестабилизирачките активности на Иран

Раб: СБ на ОН да одговори на дестабилизирачките активности на Иран
Лондон, 4 август 2021 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека Советот за безбедност на Обединети нации мора да одговори по нападот врз танкерот за нафта, што се случи минатата недела во територијалните води на Оман. - Советот да одговори на иранските дестабилизирачки активности и непочитување на меѓународното право, напиша Раб на Твитер, повикувајќи се на вчера испратеното писмо до СБ на ОН од Велика Британија и други земји. Техеран негираше каква било вмешаност во нападот врз бродот „Мерсер стрит“, кој е во сопственост на компанијата „Зодијак маритим“на израелскиот милијардер Ејал Офер, и пловеше под знамето на Либерија. Во нападот врз танкерот загинаа двајца членови на екипажот, британски и романски државјанин. ми/  

Остани поврзан