Раб: Русија веднаш да го ослободи Навални и другите мирни демонстранти
- Велика Британија побара од Русија да го ослободи опозиционерот Алексеј Навалани, кој денеска беше осуден на 3,5 години затвор, откако судот пресуди дека ја прекршил условната казна
Лондон, 2 февруари 2021 (МИА) - Велика Британија побара од Русија да го ослободи опозиционерот Алексеј Навалани, кој денеска беше осуден на 3,5 години затвор, откако судот пресуди дека ја прекршил условната казна.
- Велика Британија повикува на итно и безусловно ослободување на Алексај Навални и сите мирни демонстранти и новинари уапсени во текот на изминатите две недели. Денешната перверзна пресуда е насочена кон жртвата на труење, а не кон одговорните, што покажува дека Русија не ги исполнува најосновните обврски што се очекуваат од кој било одговорен член на меѓународната заедница, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.
Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше по наводното труење со нервниот гас Новичок.
Според руските власти Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата Ив Роше, поради што беа осудени на 3,5-годишни условни казни, а руската Федерална казнено-поправна служба побара казните да се преиначат во казна затвор по враќањето на Навални во Русија. ми/