• сабота, 23 ноември 2024

Раб: Максимален притисок врз талибанците за да се спречат да вршат терор

Раб: Максимален притисок врз талибанците за да се спречат да вршат терор
Лондон, 25 август 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб рече дека неговата земја сака да изврши максимален притисок со расположливите средства со цел да ги спречи талибанците да го претворат Авганистан во место на терор. Во изјава за радиото Тајмс, Раб вели дека одлуката на премиерот Борис Џонсон да се одржи состанокот на Г7 во вторник е од голема важност, но дека владата треба да побара поширока поддршка и надвор од таа група земји за решавање на ситуацијата во Авганистан. - Разговарав со Кина, Пакистан, Индија и ќе се обидеме да свикаме состанок на постојаните членки на Советот за безбедност со цел да се договориме за насоките за натамошните чекори, рече британскиот министер. Како што пренесува Гардијан, тој потврди дека ќе ги искористи сите расположливи механизми, можни санкции, ограничен пристап до меѓународните финансиски институции и друго за да се изврши притисок врз талибанците. - Ако Талибанците сакаат да стигне помош до Авганистан, таа нема да оди преку нив, и во таа смисла ќе мора да дозволат пристап за невладините организации и ОН, нагласи Раб. паг/  

Остани поврзан