• вторник, 30 јули 2024

Раб: Британија е солидарна со Италија и мерките против злонамерните активности на Русија

Раб: Британија е солидарна со Италија и мерките против злонамерните активности на Русија
Лондон, 31 март 2021 (МИА) - Велика Британија денеска ги осуди „злонамерните и дестабилизирачки активности на Русија“, откако Италија протера двајца службеници на руската амбасада во Рим, обвинети за вмешаност во шпионажа.
„Велика Британија е солидарна со Италија и мерките преземени денеска против злонамерните и дестабилизирачки активности на Русија, чија цел е поткопување на нашиот сојузник во НАТО“, напиша министерот за надворешни работи Доминик Раб на Твитер.
Италија денеска протера двајца службеници на руската амбасада во Рим, еден ден по апсењето на офицер на италијанската морнарица кој предал доверливи документи на руски војник, за што, како што пренесуваат медиумите, добил 5.000 евра.
Рускиот амбасадор во Рим потоа беше повикан на разговор во италијанското Министерство за надворешни работи, каде што му беше упатен остар протест и каде што беше информиран за протерување двајца функционери поради вмешаност во случај на шпионажа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „нема информации за околностите“ на таа афера.
„Се надеваме дека позитивниот и конструктивен карактер на руско-италијанските односи ... ќе биде зачуван“, додаде тој. паг/
   

Остани поврзан