• сабота, 21 јуни 2025

Работник загина на градилиште во Охрид

Работник загина на градилиште во Охрид

Охрид, 16 мај 2025 (МИА) – Работник смртно настрада изутринава при изведување  градежни работи на деловен простор во изградба на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид.

Станува збор за лицето Ѓ.Д. (58) од Охрид, кој при работа паднал од висина, по што бил пренесен со тешки телесни повреди во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде им подлегнал на повредите.

Информацијата за несреќата ја потврдија од СВР - Охрид. Причините и околностите за несреќата ќе бидат утврдени со истрагата и увидот на лице место што е во тек. аб/дма/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан