• среда, 25 декември 2024

Министерот Филков се сретна со претставници на УПОЗ

Министерот Филков се сретна со претставници на УПОЗ

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска остварил работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани  (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.

На средбата, како што соопштија од Министерството за правда, се разговарало за прашања поврзани со колективниот договор, платите , статусот на вработените  како и подготовката на законските решенија.

- Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на  процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем, се наведува во соопштението.

Претставниците на УПОЗ го информирале министерот Филков со сите отворени прашања што се од голема важност и побарале поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем. цр/са/

Фото: Министерство за правда

 

 

Остани поврзан