Работилница „Планска програма за зелено и хумано Скопје”
- Во организација на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, денеска и утре во големата сала на Советот на Град Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Планска програма за зелено и хумано Скопје”.
Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) - Во организација на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, денеска и утре во големата сала на Советот на Град Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Планска програма за зелено и хумано Скопје”.
Работилницата е во рамките на иницијативата „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“, која започна со одржување на онлајн дебата во декември.
-Главна цел на работилницата е да даде насоки за изработка на Планска програма врз претходно усогласени цели за тоа каков град сакаме - компактен или дисперзиран, загаден или чист, во кој царуваат автомобили или пешаци, кој е енергетски силно зависен од државата или е назависен, велат организаторите. дма/са/