• среда, 27 ноември 2024

Работилница на ДИК и МИА за новинари за претседателските и парламентарните избори 2024

Работилница на ДИК и МИА за новинари за претседателските и парламентарните избори 2024

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) оваа година во соработка со Медиумската информативна агенција (МИА) првпат организира работилница за новинари за претстојните претседателски и парламентарни избори 2024.

Работилницата ќе се оддржи на 16 февруари 2024 година со почеток во 9 часот, во просториите на Државната изборна комисија, на првиот кат.

- Целта на работилницата е да се унапреди процесот на информирање за време на изборниот процес преку развивање практики што ќе го подржуваат демократскиот дух и меѓусебната соработка на Државната изборна комисија и медиумите со акцент на улогата на новинарите и нивниот придонес во кредибилитетот и интегритетот на изборите, како и придонес во транспарентноста и отвореноста кон граѓаните. Очекуваме меѓусебно да споделиме искуства и решиме дилеми доколку постојат, се вели во соопштението од ДИК.

Пријавата за работилницата треба да биде по мејл на press@sec.mk или на телефонскиот број 076/ 341- 011, најдоцна до 15 февруари 2024 до 10 часот.

Од ДИК информираат дека групата за работилницата е планирана за максимум 25 лица, а долку се пријават повеќе од тоа ќе биде организирана дополнителна работилница. Од ДИК дополнително ќе информираат за терминот на оддржување. мд/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан