• среда, 27 ноември 2024

Работилница „Женско лидерство - зајакнување на девојките преку спортот" во Кавадарци 

Работилница „Женско лидерство - зајакнување на девојките преку спортот

Кавадарци, 21 октомври 2024 (МИА)  - „Женско лидерство - зајакнување на девојките преку спортот" е мотото на денешната работилница што се одржува во Кавадарци, организирана од Македонски олимписки комитет, проект на тема ,,Олимписка солидарност- женско лидерство“. 

Настанот е поддржан  од Комисија за еднакви можности и сектор за образование и спорт на Општина Кавадарци. 

Марија Камчева, координатор за родова еднаквост при Општина Кавадарци, меѓу другото нагласи дека постојано работат на тоа да го зголемат лидерството преку спортот. 

Предавачи на работилницата беа Наташа Мешковска-поранешна олимпијка и тренер по пливање и Пулексенија Јованоска-поранешна олимпијка и тренер по карате.

- Никогаш не се откажувајте. Секогаш настојувајте да ги остварите своите цели, им порача Мешковска на младите спортистки присутни во салата на општинската зграда. 

Мешковска рече дека спортистите позитивно ја трошат енергијата, а физичката активност е превентива за добро здравје. 

Таа нагласи исто така дека поддршката е многу важна, поддршката од другите и меѓусебната поддршка. 

- Целта е да се омоќат жените во тоа што го работат. Спортот е убава платформа за напредок. Мора да се нагласи самодовербата што ја дава спортот, истакна Јованоска, порачувајќи им да веруваат во своите можности. 

Од настанот беа испратени пораките дека спортот може да помогне во развојот на лидерските вештини кај девојките. Дека спортот е универзален јазик на моќ и истрајност. свд/дма/


Фото : МИА

Остани поврзан