Работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од работен однос“
- Македонскиот полициски синдикат - Секција на жени, во партнерство со Македонското здружение на млади правници, денеска одржа работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од р

Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат - Секција на жени, во партнерство со Македонското здружение на млади правници, денеска одржа работилница на тема „Правна заштита од дискриминација и права од работен однос".
На работилницата присуствуваа државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, претседателот и генералниот секретар на МПС, Марјан Кицев и Киро Трајковски, потпретседателите и членови на Извршното биро на МПС, претседателот на Македонското здружение на млади правници, Зоран Дранговски и претседателот на Синдикатот на полицијата на Косово, Валбона Камбери.
Присутните на работилницата, како што соопшти МПС, имаа можност поблиску да се запознаат со тоа што е дискриминација, нејзино препознавање, законска уреденост, механизми за заштита, права и обврски од работен однос.
- Ваквата проактивна активност на Македонскиот полициски синдикат преку Секцијата на жени при МПС беше поздравена од присутните гости и учеснички, со желба во иднина да продолжат ваквите активности со цел подигање на свеста и јакнење на капацитетите на жените не само во Македонскиот полициски синдикат, туку и во Министерството за внатрешни работи Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. цр/сп/


