Пјастри за борбата за титулата со Норис: Едниот од нас го очекува одличен крај на сезоната, другиот го очекува болка
- Австралискиот возач во Формула 1, Оскар Пјастри истакна дека Мекларен разговарал за ситуација во која успехот на еден од возачите на тимот на крајот од сезоната би значел неизбежен пораз за другиот.
Лондон, 13 септември 2025 (МИА) - Австралискиот возач во Формула 1, Оскар Пјастри истакна дека Мекларен разговарал за ситуација во која успехот на еден од возачите на тимот на крајот од сезоната би значел неизбежен пораз за другиот.
Пјастри вози за Мекларен заедно со Британецот Ландо Норис. По 16 трки од сезоната 2025 во Формула 1, Австралијанецот води во генералниот пласман кај возачите со 324 поени. Норис е втор, 31 поен зад Пјастри.
- Разговаравме малку за тоа, но не мислам дека е на листата на важни прашања. Само се обидуваме да откриеме што би сакале. Ќе биде одлично за едниот од нас, а болка за другиот. Тимот и Зак Браун се многу чувствителни на ова прашање, што е убаво. Затоа разговаравме малку за тоа, но не мислам дека има што друго да се дискутира, изјави Пјастри за „RacingNews365“.
Следната трка од Формула 1 ќе се одржи во Азербејџан на 21 септември. зс/
Фото: ЕПА