• среда, 31 јули 2024

Пјаниќ не ги знае точните причини зошто добива мала минутажа во Барселона

Пјаниќ не ги знае точните причини зошто добива мала минутажа во Барселона
Барселона, 15 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ го сподели своето мислење зошто стручниот штаб му дава мала минутажа. -Не ги знам точните причини зошто ја немам очекуваната минутажа. Ќе продолжам да работам напорно. Ние мора да ги почитуваме тренерските одлуки, дури и ако не се согласувам со нив. Сакам да оставам свој белег во овој клуб, изјави Пјаниќ за „Телефут“. Оваа сезона Пјаниќ одигра 24 натпревари за Барселона на сите турнири на кои не постигна еден гол. Играчот поминува на теренот во просек 49 минути по натпревар. зс/

Остани поврзан