• вторник, 24 декември 2024

Пјаниќ загрижува со својата физичка состојба

Пјаниќ загрижува со својата физичка состојба
Барселона, 19 октомври 2020 (МИА) - Во Барселона се загрижени за физичката состојба на нивниот нов играч за врска Миралем Пјаниќ, информира весникот „Спорт“. Босанецот веројатно ќеизлезе како стартер на утрешниот натпревар со унгарски Ференцварош, но во моментов по формата е далеку зад своите соиграчи. Фудбалерот,кој прележакоронавирус, последен пат играше за Јувентус против Лион на 7 август на крајот од минатата сезона и две недели подоцна даде позитивен резултат за болеста. Така, неговиот прв тренинг во Барса беше на 17 септември, две и пол недели по првата тренинг сесија на повеќето други играчи на клубот. Според „Спорт“, Пjaниќ не може да игра со темпото на другите за време на тренинзите. Миралем има 12 минути зад себе против Виљареал и 15 против Севиља, а против Хетафе остана на клупата поради болки во грбот.

Тагови

Остани поврзан