• сабота, 23 ноември 2024

Пуштен во употреба новоизградениот базен на Општина Тетово

Пуштен во употреба новоизградениот базен на Општина Тетово
Тетово, 5 јули 2022 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт денес на Општина Тетово му го предаде на користење базенот, дел од владината програма за изградаба на 14 вакви објекти низ државата. Тетовскиот базен е првиот кој е комплетно завршен и предаден на локалната сампоуправа. - Со општината соработувавме и за поставување на фотоволтаични панели на покривот за создавање на електрична енергија и со тоа ќе се намали набавка на струја. Затоа забави овој проект, заради изготвување на тие документи и дозволи, Агенцијата и општината заедно требаше да ги набават, изјави Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами овој проект го посочи како добар пример за  соработка со централната власт. - Ова е добар пример на соработка на локална со централна власт, може да реализираме проекти во интерес на граѓаните. Во овој случај да учат децата пливање, изјави градоначалникот на Тетово,  Биљал Касами. Двајцата најавија дека соработката на двете институции ќе продолжи со цел да се гради уште спортската инфраструктура во градот.  Се договараат за изградба на повеќенаменско игралиште и тартан патека за атлетски трки. - Имаше барање од неколку атлетски клубови за да се има патека за трчање кое ќе биде комбинирано со мултифункционално спортско игралиште.  Се надевам дека следната година ќе најдеме заеднички јазик за Тетово да биде вклучен во реализација на ваков терен. Локација е спроти овој базен веднаш до фудбалското игралиште со вештачка трева, изјави Биљал Касами. Агенцијата имаше проблем со фирмата изведувач во неколку други градови, а според Мојсовски сега проблемите се надмине и ќе продолжат да се доградуваат. - Почнаа мината недела да градат, покриени се базените, следува да се постави електрика. Кичево и Битола се малку назад, другите три Штип и двата во Скопје се во напредна фаза. Следна недела планираме да ги објавиме и следните четири кои се во Чаир, Карпош, Струмица и Кавадарци, додаде Мојсовски. Според градоначалникот Касами засега базенот ќе го раководи Секторот за јавни дејности, а понатаму ќе се размисли дали тоа да го прави општинско јавно претпријатие за менаџирање со спортски објекти. ас/зс/

Остани поврзан