• четврток, 26 декември 2024

Пуштена во употреба училишна спортска сала во тетовско Доброште

Пуштена во употреба училишна спортска сала во тетовско Доброште

Тетово, 6 март 2021 (МИА) - Новата училишна спортска сала изградена во склоп на основното училиште „Фаик Коница“ во тетовско Доброште денеска беше пуштена во употреба. На настанот присуствуваа министерката за образование Мила Царовска, градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Царовска изјави дека физичкото образование создава здрави генерации, ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа, како што рече, Владата и како Министерствотото се насочени кон инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да ги реализираат часовите за спортски активности. И тоа, потенцира Царовска, се одвива плански. -Минатата година имавме повик за инфраструктурно вложување во училиштата и оваа година продолжуваме да градиме по план, согласно потребите на општините, со цел да го подобриме основното образование во нашата држава. Затоа што за квалитетот на основното образование се важни сите чинители – и квалитетните наставни програми и обучените наставници но исто така се значајни и условите во кои се одвива наставата. Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат поквалитетно образование, изјави Царовска

Спортската сала во основното училиште во Доброште е со површина од 650м2, опремена со спортски реквизити. Вредноста на изградбата е 22,6 милиони денари.ас/бт/

Остани поврзан