• петок, 17 јануари 2025

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Железничката пруга Куманово - Бељаковце, дел од Коридорот 8,  денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти.

Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8  претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.

-Овие два коридори се главен приоритет за оваа влада, бидејќи како држава претставуваме приодна раскрсница на овие два коридори и ова треба да претставува наша предност во споредба со другите држави во регионот, рече премиерот.

Додаде дека наскоро ќе се заврши и втората секција, како и тендерската процедура од третата секција.

-Јас сум убеден дека наскоро ќе се заврши и втората секција во рокот кој што е предвиден во договорот. Многу скоро ќе заврши тендерската процедура од третата секција со што ќе бидеме целосно поврзани со нашиот источен сосед, а со тоа ќе бидеме и дел од еден многу важен коридор не само за ЕУ, туку и за НАТО, додаде премиерот.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, што вклучува алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи и лед осветлување.

Пругата Куманово - Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување. ар/ам/

Фото: МИА

Остани поврзан