• вторник, 19 ноември 2024

Путин: Процесот на дедоларизација во БРИКС е неповратен

Путин: Процесот на дедоларизација во БРИКС е неповратен

Јоханезбург, 22 август 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека процесот на дедоларизација меѓу членките на БРИКС е неповратен.

„Неповратниот процес на дедоларизација зема замав, се прават напори да се развијат ефикасни механизми за меѓусебно порамнување и монетарна и финансиска контрола“, рече Путин во видео обраќањето за време на самитот на БРИКС во Јоханесбург.

Тој додаде дека се намалува учеството на доларот во плаќањата кои се однесуваат на извоз и увоз и дека лани изнесувало 28,7 отсто. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан