Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти
- Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации.

Москва, 23 октомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации.
Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за поддршка на националните економии и помош за земјите од глобалниот Југ и Исток.
- Земјите од БРИКС имаат поголем удел во светската економија според куповната моќ отколку земјите од Г7, рече Путин.
Тој оцени дека светската трговија и глобалната економија се менуваат, со поместување на активноста кон пазарите во развој, а мултиполарниот модел на развој ја води глобалната економија кон раст, пред сè благодарение на земјите од БРИКС.ссм/
фото: ЕПА