• сабота, 23 ноември 2024

Путин потпиша декрет за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина

Путин потпиша декрет за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина

Москва, 3 април 2023 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.

Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца, се наведува во декретот.

Одлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.

- Наша должност е да ги поддржиме семејствата кои ги загубија своите најблиски и да им помогнеме да ги подигнат своите деца и да им дадеме образование и работа“, рече тогаш Путин. ми/

Остани поврзан