• сабота, 23 ноември 2024

Путин потврди присуство на климатскиот самит организиран од Бајден

Путин потврди присуство на климатскиот самит организиран од Бајден
Москва, 21 април 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот за климата на покана на неговиот американски колега Џо Бајден, пренесува Анадолија. Во соопштението на Кремљ се вели дека Путин ќе се обрати преку видео конференција на меѓународниот самит за борба против климатски промени, кој ќе се одржи на 22 април. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин не планира да одржи билатерални средби со Бајден и другите лидери за време на самитот. На 23 март, американскиот претседател Џо Бајден покани 40 светски лидери на меѓународен самит за климатските промени, што ќе се одржи виртуелно на 22 и 23 април. Освен Путин, меѓу гостите се и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кинескиот претседател Си Џинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. ссм/

Остани поврзан