• недела, 28 јули 2024

Путин нема да присуствува на погребот на Горбачов поради „натрупан работен распоред“

Путин нема да присуствува на погребот на Горбачов поради „натрупан работен распоред“
Москва, 1 септември 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов поради натрупаниот работен распоред, соопшти Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин утрово му одал последна чест на Горбачов со посетата и полагањето венец во московската Централна клиничка болница, каде тој почина во вторникот. - За жал, работните обврски на претседателот не дозволуваат тоа да го стори на 3 септември, па одлучи да го направи денеска, појасни Песков. Како што тој додаде, погребот на Горбачов ќе има „елементи“ на државен погреб, вклучително и почесна стража и дека државата помага при негово организирање. бд/сд/

Остани поврзан