Путин нареди масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија
- Рускиот претседател Владимир Путин нареди до крајот на следната недела да почне масовно вакцинирање против Ковид-19
Москва, 2 декември 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин нареди до крајот на следната недела да почне масовно вакцинирање против Ковид-19.
Први со руската вакцина „Спутник V“ предвидено е да се вакцинираат здравствените работници и учителите.
Руската фармацевстка индустрија е подготвена за масовно вакцинирање, бидејќи во следните денови бројот на произведени вакцини ќе достигне до два милиона вакцини, истакна Путин.
Вакцината „Спутник V“, што ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство во Русија и стана прва регистрирана вакцина против новиот коронавирус во светот. ми/