• понеделник, 16 декември 2024

Путин наложи воспоставување дипломатски односи со т.н Доњецка Народна Република и т.н Луганска Народна Република

Путин наложи воспоставување дипломатски односи со т.н Доњецка Народна Република и т.н Луганска Народна Република
Москва, 21 февруари 2022 (МИА) - По признавањето на Доњецк и Луганск, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со регионите кои Русија од денеска ги смета за независни држави. Т.н. Доњецка Народна Република (ТНР) и т.н.Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина, не се признаени од ниту една членка на ОН. Путин, исто така го задолжи Министерството за одбрана да „обезбеди одржување на мирот во ДНР и ЛНР од страна на руските вооружени сили“. Руските медиуми јавуваат дека руските трупи ќе бидат ангажирани за обезбедување мир, барем додека не се појават други договори со Донбас. Андреј Климов, заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата прецизира дека Русија ги признава ДНР и ЛНР во сегашните граници и прецизираше дека утре во Советот на Федерацијата ќе се разгледува прашањето за ратификација на договорите за пријателство и соработка со овие области. ссм/

Остани поврзан