• петок, 05 декември 2025

Путин и Си во Кремљ разговараат за продлабочување на билатералните односи во пресрет на Денот на победата

Путин и Си во Кремљ разговараат за продлабочување на билатералните односи во пресрет на Денот на победата

Москва, 8 мај 2025 (МИА) - Во Кремљ се водат разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесуваат руските медиуми. 

Путин му се заблагодари на Си за престојот во Русија и изрази подготвеност да ја посети Кина во наредниот период. 

Лидерите се согласија дека Русија и Кина развиваат врски во корист на своите народи, а не против други земји, и дека односите меѓу Москва и Пекинг се заемно корисни. 

Двајцата лидери, исто така, се согласија да „ја бранат вистината за историјата на Втората светска војна“, како и да продолжат да работат на спроведување на низа билатерални договори. 

„Пред 80 години, по цена на големи загуби, рускиот и кинескиот народ извојуваа голема победа, давајќи огромен историски придонес кон целта за светски мир и напредок на човештвото“, рече Си. 

Си вчера пристигна во Москва, а се очекува неговата посета да трае до 10 мај.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан