Путин и Лам усвоија изјава за стратешко партнерство помеѓу Русија и Виетнам
- Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам денеска во Ханој усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за основите на пријателските односи

Ханој, 20 јуни 2024 (МИА) – Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам денеска во Ханој усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за основите на пријателските односи.
За време на посетата на Путин на Виетнам беа потпишани најмалку 11 договори во областа на енергетиката, високото образование, правосудните институции, даночните служби и царината.
Потпишан е и договор за изградба на нуклеарно научно-технолошки центар во Виетнам со учество на руската државна корпорација за атомска енергија Росатом. Потпишан е и договор за соработка меѓу Русија и Виетнам во развојот на лабораториска инфраструктура за борба против епидемии.
Тоа е петта посета на Путин на Виетнам, а прва од 2017 година.
Путин во Виетнам пристигна синоќа по посетата на Северна Кореја, при што го потпиша Договорот за стратешко партнерство со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. ми/
фото: ЕПА