Путин и Ал Сиси се согласија да продолжат со напорите за постигнување прекин на огнот во Газа
- Египетскиот и рускиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и Владимир Путин денеска во телефонски разговор се согласија да продолжат со напорите за постигнување прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Каиро, 9 декември 2023 (МИА) - Египетскиот и рускиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и Владимир Путин денеска во телефонски разговор се согласија да продолжат со напорите за постигнување прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Портпаролот на египетскиот претседател, Ахмед Фахми изјави дека разговорот бил фокусиран на ситуацијата во регионот, особено во Појасот Газа, пренесоа руските медиуми.
Тие разговарале и за испорака на хуманитарна помош и се согласиле да продолжат да работат за воспоставување прекин на огнот. мс/
фото: МИА архива