• сабота, 23 ноември 2024

Путин го тргна Рогозин од позицијата шеф на Роскосмос

Путин го тргна Рогозин од позицијата шеф на Роскосмос
Москва, 15 јули 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го тргна Дмитри Рогозин од неговата позиција како шеф на државната вселенска корпорација Роскосмос, се наведува во декрет објавен денеска на веб страницата на Кремљ. „Дмитри Рогозин со ова е ослободен од неговата позиција на генерален директор на државната вселенска корпорација Роскосмос. Декретот стапува на сила на денот на неговото потпишување“, пишува во документот. Педесет и осумгодишниот Рогозин ја предводеше корпорацијата нешто повеќе од четири години, од крајот на мај, 2018 година. бд/

Остани поврзан