• четврток, 30 јануари 2025

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

Москва, 28 јануари 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека речиси тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеца“ или помалку доколку Западот престане да го поддржува Киев.

„Нема да постојат еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Се би било готово за месец и половина или два“, изјави Путин во интервју за руската државна телевизија. 

Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е „нелегитимен“.

„Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите“, рече Путин, нагласувајќи дека Зеленски е „нелегитимен“ бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан