• понеделник, 23 декември 2024

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави

Осло, 9 август 2023 (МИА) - Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот.

На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа.

Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила.

Полицијата претходно размислуваше да ја крене во воздух една од затворачките порти на 45-годишната брана за да помогне да се олесни ситуацијата, но на крајот се одлучи да не го стори тоа, бидејќи ќе беше тешко да се одржи експлозијата под контрола.

Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а многу домови и деловни објекти беа поплавени или однесени од лизгање на земјиштето.

Во големи делови на јужна Норвешка, главните патишта беа затворени, а возовите приземјени откако реките се излеаја од коритата.

Властите предупредија на дополнителни поплави во наредните денови бидејќи водата се движи кон пониските крајбрежни области. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан