• среда, 25 декември 2024

Пукано на италијански воен авион за време на евакуацијата од Кабул

Пукано на италијански воен авион за време на евакуацијата од Кабул
Рим, 26 август 2021 (МИА) - За време на евакуацијата од Авганистан, денеска е пукано на италијански воен авион кој полета од аеродромот во Кабул, но веднаш беше соопштено дека ниту авионот ниту неговиот екипаж не претрпеле никаква штета. Според италијанскиот весник „Стампа“, било пукано кога авионот „Ц-130Ј“ веќе ги одвоил тркалата од пистата на аеродромот „Хамид Карзаи“. Во авионот имало новинари и 98 цивили. Авионот веднаш ја продолжил планираната рута и се упатил кон воздухопловната база Ал Салем во Кувајт, од каде што луѓето ќе го продолжат патувањето за Италија. паг/    

Остани поврзан