Пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
- Канадската полиција соопшти дека денеска е отворен оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот, што се случи во пет часот и 29 минути никој не е повреден
Отава, 10 март 2026 (МИА) – Канадската полиција соопшти дека денеска е отворен оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот, што се случи во пет часот и 29 минути никој не е повреден.
Претставници на Конзулатот и на американскиот Стејт департмент сè уште не го коментирале инцидентот.
Полицијата сè уште нема информации за потенцијален осомничен, а исто така непознати се и мотивите. ми/сд/
фото: МОИА архива