• вторник, 24 декември 2024

ПСС Рејсинг со трофеј освоен од Џиролами ја стартува новата сезона

ПСС Рејсинг со трофеј освоен од Џиролами ја стартува новата сезона
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Возачот на ПСС Рејсинг, Франко Џиролами освои трето место на првенството на Европа за возила со ТЦР хомологација, и на македонскиот тим по втор пат на отворањето на сезоната му носи трофеј во првиот Гран при викенд одржан во Словачка. Минатата сезона, неговиот постар брат, афирмираниот победник на трка од светското првенство, Нестор Џиролами, во услови кога на Давидовски не му беше дозволен влез во Франција за трката од ТЦР Европа, со неговиот автомобил освои второ местол на патеката „Пол Рикар“, во близина на Марсеј, на југот од Франција. Дека успехот на Франко Џиролами е за почит, говорат фактите: во втората трка победи актуелниот шампион и бранител на тронот, Меди Бенани, додека второто место го освои шампионот од 2018 година (и победник на првата трка викендов), Микел Аскона. - Ова беше фантастична трка, а јас навистина уживав во целиот гран при викенд. Мошне сум благодарен на „ПСС Рејсинг“ и на „ЈАС Моторспорт“ за нивната поддршка и што ми ја овозможија оваа шанса да го освојам овој фантастичен резултат. Ова ќе не остави во игра за следната трка, која се надевам дека ќе биде уште подобра за нас,- сублимираше Џиролами. Следниот гран при викенд ќе се случи во последниот викенд овој месец, поточно на 29 и 30 мај, кога се возат двете трки на патеката „Пол Рикар“ во Франција. зс/

Остани поврзан