• понеделник, 23 декември 2024

ПССЕ ќе ги следи предвремените парламентарни избори во Бугарија

ПССЕ ќе ги следи предвремените парламентарни избори во Бугарија

Брисел, 3 јуни 2024 (МИА) - Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Олексеј Гончаренко од Украина, од 7 до 10 јуни ќе ја посети Бугарија за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 9 јуни, соопшти прес-службата на ПССЕ.

Делегацијата ќе се сретне со тим од експерти за избори од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, лидери или претставници на политички партии и коалиции, со претседателот и членовите на Централната изборна комисија, како и со претставници на невладините организации и медиумите, пред да го набљудуваат изборниот процес на 9 јуни.

Член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка за време на посетата организирана од Изборниот оддел на ПССЕ.

Деветчлената делегација  ќе се изјасни ден по изборите, понеделник, 10 јуни, јави БТА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан