Психолошки проблеми причина за повлекувањето на Квитова од турнирот во Чарлстон
- Чешката тенисерка Петра Квитова го коментираше одбивањето да го продолжи мечот од првото коло на турнирот во Чарлстон против Магдалена Фреш од Полска.
Чарлстон, 5 април 2022 (МИА) - Чешката тенисерка Петра Квитова го коментираше одбивањето да го продолжи мечот од првото коло на турнирот во Чарлстон против Магдалена Фреш од Полска.
- Навистина сакав да останам и да продолжам да се борам, но за жал моето тело не се согласуваше со мојот ум. Сакам да изразам посебна благодарност до организаторите на турнирот. Навистина се надевам дека ќе се вратам, напиша Квитова на Твитер.
Претходно Квитова стигна до четвртфиналето на турнирот во Мајами каде загуби од подоцнежната победничка Ига Швјонтек. зс/