ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума
- Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Париз, 7 мај 2024 (МИА) – Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.
Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.
Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. зс/
Фото: ЕПА