• среда, 27 ноември 2024

ПСЖ со декларација за поддршка на Нејмар

ПСЖ со декларација за поддршка на Нејмар
Париз, 14 септември 2020 (МИА) - Пари сен Жермен го поддржа својот играч Нејмар во врска со скандалите на крајот на дербито со Марсеј во неделата вечерта. Тогаш напаѓачот учествуваше во голем инцидент меѓу играчите и доби црвен картон. Според него, тој бил испровоциран од противничкиот играч Алваро Гонзалес, кој го навредувал со зборовите „валкан мајмун“. По натпреварот, поранешниот играч на Барселона не се извини, но на Твитер го напиша следново: „Жал ми е што не го удрив во лице“. Сега на Нејмар му се заканува казна до 7 натпревари. - ПСЖ силно го поддржува Нејмар, кој објави дека е предмет на расистичко однесување на противникот. Клубот ја задржува својата позиција дека расизмот нема место во општеството, фудбалот и животот на луѓето. ПСЖ очекува Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига да ги испита и утврди фактите, се вели, меѓу другото, во декларацијата на францускиот шампион.

Тагови

Остани поврзан